14.06.2024
Почетна / Градина / Д-р Митов: БРОКУЛАТА – Зелено Злато!

Д-р Митов: БРОКУЛАТА – Зелено Злато!

3) Биоактивните компоненти кои се содржат во брокулите можат да допринесат за намалување на нивото на инфламација во организмот

Според правените лабораториски истражувања (главно на животни) високата содржина на биоактивни компоненти во брокулата, како што се различните флаваноидите, можат да водат до намалена инфламација во телото. За потврдување на ваквото дејство на овие компоненти на брокулата, потребни се сепак повеќе истражувања кои ќе бидат спроведени на луѓе.

4) Брокулите можат да придонесат во заштитата од некои видови на рак

Повеќе студии укажуваат на тоа дека повеќето растенија од ова семејство, па и брокулата, можат да помогнат во превенцијата од некои видови на канцер (на дојка, простата, желудник, дебело црево, мочен меур). Иако податоците кои се добиени со овие истражувања се охрабрувачки, сепак треба сè уште да се работи во насока на истражување на некои компоненти кои се сметаат одговорни за ваквото превентивно дејство на брокулата.

Види

Три рецепти: Како да ја излечите настинката за помалку од еден ден

Ќе ви претставиме само 3 од многуте рецепти во народната медицина за борба против настинката, …