03.05.2024
Почетна / Uncategorized / Николовски: Во спроведувањето на идните политики,  важна е поддршката од Европската унија и од донаторската заедница

Николовски: Во спроведувањето на идните политики,  важна е поддршката од Европската унија и од донаторската заедница

Раководителот на Секторот за соработка во Делегацијата на Европската Унија, Никола Бертолини, ја презентираше улогата на секторскиот пристап,работната агенда на оваа секторска работна група за земјоделство и рурален развој и приоритетите. Истакна дека е потребно да се видат промените и резултатите во системот и дека тие треба да бидат дел од овој процес, кој треба да биде пред сè, демократски.

„Потребна е институционална поддршка, а граѓанскиот сектор треба да биде составен дел од овој процес. Има пет елементи од работата на ова група. Како прво, донаторите не би можеле сами да се искоординираат, потребно е да се одржуваат редовни состаноци, да се сподели агендата, да се разговара за прогресот и да бидат дел од секторската работна група. Потребно е да се идентификува програмата за ИПА 2019, да се одржуваат редовни состаноци, на месец или два, затоа што само со заедничка поддршка и работа може да постои прогрес. Потребно е да се одржуваат чести подсекторски состаноци, на кои ќе присуствуваат институциите, донаторите, агенциите , граѓанскиот сектор“, посочи Бертолини.

При тоа Бертолини, истакна дека треба да се обноват постоечките податоци, константно да се интервенира и да бидат основа за дискусија за да не дојде до преклопување. Третиот елемент кој го презентираше Бертолини беше за оценување на перформансите, односно поставување на неколку индикатори и потоа нивно следење. Четвртиот елемент е идентификација на потенцијалните области во кој ќе се вклучат институциите и ЕУ. И петтиот елемент, е техничка помош за секторски пристап од експерти.

Во дискусијата беше потенцирано дека е потребно е да се одреди временска рамка. За ИПА 2019 првичните идеи требда се се постават до април, потоа треба да се одржуваат состаноци со донаторите и граѓанскиот сектор, да се споделат идеите, па потоа во септември да се има Проектното Фише, да се поднесе на одобрување во 2019 година и дури потоа во 2020 година да се имплементира. Во овој процес потребно е и донаторите целосно да се вклучат во идентификување на областите  за да нема преклопувања, потенцираше Бертолини.

Види

Како да направите домашен јаболков оцет

Зрели и паднати јаболка, непогодни за потрошувачка или друга обработка, обично се користат за оваа …