19.04.2024
Почетна / Uncategorized / Николовски: Во спроведувањето на идните политики,  важна е поддршката од Европската унија и од донаторската заедница

Николовски: Во спроведувањето на идните политики,  важна е поддршката од Европската унија и од донаторската заедница

Вчера во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа состанок на Секторската работна група за земјоделство и рурален развој, на која беа поканети и претставници од Делегацијата на Европската унија, претстваници од странските донатори и невладиниот сектор.

На состанокот се разговараше за главните перспективи и предизвици, како и за идните политики за развој на земјоделството и руралниот развој.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, ги презентираше клучните перспективи на политиките во земјоделството, во делот на храна и ветеринарство и фитосанитарните политики во Република Македонија. Посочи дека силно верува во зајакнувањето на перспективите на соработка со сите релевантни учесници во земјата, и меѓународните и регионалните организации, со цел подобрување на земјоделството и руралниот развој.

„За развој на земјоделскиот сектор, многу е важно, пред сè, да постои сеопфатен механизам за соработка. Со заедничка работа, ќе бидеме во можност поинтензивно да се фокусираме на проблемите во земјоделството и руралниот развој, да ги идентификуваме заедничките потреби и интереси и да делуваме на нашите потреби за надградба на капацитите. Целта на македонската Влада е да се фокусира на зголемувањето на конкурентноста во земјоделското производство и одржливиот развој на руралните средини. Земјоделството и руралниот развој се еден од клучните приоритети на Владата на Република Македонија, а унапредувањето на овој сектор бара вклучување на огромни напори, посветеност и заложби. Во спроведувањето на овие наши цели, е важна поддршката од Европската унија и од донаторската заедница“, посочи министерот Николовски.

Со цел да се обезбеди целосна интегрираност на националните политики на Владата и користењето на странската помош од донатори и кредитори во Република Македонија, со одлука на Владата е формирана Секторката работна група за земјоделство и рурален развој. Таа работи на имплементација на задачи на експертско ниво поврзани со формулирање и имплементација на секторските политики на национално ниво, вклучувајќи ги тука, генерално, сите оние релевантни фактори за интеграција во Европската унија како помошта од донаторите  и посебно, ИПА програмата на Европската унија.

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …