03.05.2024
Почетна / Uncategorized / Запуштениот двор создава негативни чувства, како несигурност и страв

Запуштениот двор создава негативни чувства, како несигурност и страв

Градинарството е уметност што е блиска до срцето на луѓето. Но за разлика од другите видови уметнички дела, градината од нејзиниот сопственик бара нешто повеќе од само восхитување. Тој мора да се грижи за неа, да ја обновува.

Добро дизајнираната и добро поставената градина претставува исполнување на надежите на градинарот, неговиот израз на идеал и негова радост.

Потребно е добро познавање на дендрологијата, односно екологијата на родовите, видовите и култиварите. На прво место е доброто познавање на таксономијата, како основа на натамошно и полесно детерминирање на видовите кои ќе се користат во секојдневната употреба.

Во уредувањето на дворови добриот дизајн треба секогаш да ги разгледува овие принципи и дизајнерите треба секогаш да им овозможуваат на своите клиенти информации околу селекцијата на растенија

Запуштениот двор не само што не е пријатен за гледање, туку создава и негативни чувства, како несигурност и страв. За некого можеби уредувањето на дворот не е приоритет, во ситуација кога има секојдневни проблеми, но напротив барем малку физичка активност при уредувањето на дворот, знае да опушти и релаксира. Не секогаш имањето среден двор е поврзано со финансии, најчесто е потребно само малку иницијатива, велат од Градинарскиот центар ФОЈА.

Види

Како да направите домашен јаболков оцет

Зрели и паднати јаболка, непогодни за потрошувачка или друга обработка, обично се користат за оваа …