02.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Владата ги усвои Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за 2018 година

Владата ги усвои Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за 2018 година

Целта на усвоената Програма за спроведување на мониторинг во областа на производството, преработката, складирањето, дистрибуцијата, употребата и сообразноста на ѓубрињата, биостимулаторите и подобрувачите на својствата на почвата, како и контрола на квалитетот на ѓубрињата,биостимулаторите и подобрувачите на својствата на почватаza 2018 година, е да се утврди/провери дали содржината на хранливите елементи од ѓубрињата, биостимулаторите и подобрувачите на својствата на почвата е во согласност со декларираната. Програмата за спроведување на мониторинг во областа на производството, преработката, складирањето, дистрибуцијатa, употребатa и сообразноста на производите за заштита на растенијата и резидуи од производи за заштита на растенијата во производи од примарно земјоделско производство за 2018 година, опфаќа испитување на сообразноста на декларираната количина на активна компонента во соодветниот производ за заштита на растенијата при производството, преработката, складирањето, дистрибуцијата и употребата на производите за заштита на растенијата,, како и проверка на присуство на резидуи од производи за заштита на растенија кои се користени за заштита на примарните земјоделски производи од растително потекло.

Усвоената Програма за фитосанитарна политика за 2018 година, опфаќа фитосанитарен мониторинг за 2018 година со што ќе се утврди статусот со карантински штетни организми на територијата кај семенски и меркантилен компир, овошни видови и винова лоза, градинарски култури на отворено и во затвроен простор и тутун и други активности. Со годинешната програма се додадени штетници од наоди од Руска Федерација.

Со усвоената Програма за развој и унапредување на ловството и за одгледување и заштита на дивечот под заштита во репроцентрите за 2018година, се уредува развојот и унапредување на ловството како и одгледувањето и заштитата на дивечот под заштита во репроцентрите.

Види

Како да направите домашен јаболков оцет

Зрели и паднати јаболка, непогодни за потрошувачка или друга обработка, обично се користат за оваа …