19.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Владата ги усвои Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за 2018 година

Владата ги усвои Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за 2018 година

Владата на вчерашната 50-та седница усвои неколку Програми по предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и информации за распишување на јавни огласи за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари и над 3 хектари.

На вчерашната седница се усвоија Програмите за финансиска поддршка на земјоделството и на руралниот развој за 2018 година. Во Програмата за директна финансиска поддршка во земјоделството, се имплементирани мерките за поддршка на доходот на земјоделските стопанства, односно мерките за директни плаќања за растително и сточарско производство, како и мерките за дополнителна поддршка, како што се помош во премии и осигурвање, заштита на земјоделско земјиште, помош за загуби предизвикани од природни непогоди и неповолни климатски настани кои се случиле во 2016 година и во 2017 година, дополнителна помош за загуби предизвикани од природни непогоди и неповолни климатски настани кои се случиле во 2016 и во 2017 година, финансиска поддршка за складирање на пченица од домашно производство од род 2018 година и друго. Со усвојувањето на Програмата , непречено продолжува исплатата на субвенциите за 2017 година, кои се исплаќаат во две буџетски години односно во 2017 и до законскиот рок 30.06.2018 година. Висината на финансиските средства за оваа Програма се во износ од 6.210.500.000 денари.

Со усвојувањето на Програмата за рурален развој, се овоможува објавување на огласи за мерките од оваа Програма. За спроведување на мерките од Програмата за рурален развој се обезбедени 2.132.000.000 денари.

Со усвоената Програма за семе и саден материјал, се спроведува внесување на сорти на земјоделски растенија во националната сортна листа, контрола над производството на сертифициран семенски и саден материјал, чување на семенски и саден материјал, имплементација на подзаконски акти од областа на семенски и саден материјал и нивно изготвување и усогласување со ЕУ законодавството.

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …