02.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Д-р Бах: Растенијата кои ќе ви помогнат при депресија и анксиозност

Д-р Бах: Растенијата кои ќе ви помогнат при депресија и анксиозност

Во случаи на анксиозност и депресија д-р Бах препорачува третман со користењето на јадливиот костен, бреза, бел бор, ариш и синап.

Јадливиотт костен (Sweet Chestnut, Castanea Sativa), наречен од страна на д-р Бах е за оние кои чувствуваат силна тага и за оние кои се чувствуваат силите да им се на крајни граници. Помага и за оние кои се чувствуваат фрустрирано, осамено, несреќно и непотребно. Јадливиот костен помага во големи промени во животот и за излез од тешки животни кризи што се случуваат.

Цветот на одговорноста-брест (Elm, Ulmus Procera) е за оние кои се втурнуваат со голем ентузијазам кон важните и тешки потфати. Тоа е растение за оние кои не се плашат од тешкотиите и никогаш не се свртуваат назад.

Белиот бор (Pine, Pinus Sylvestrus) е цветот на приемот на себе. Тоа е од корист кај оние кои се силно самокритични, кои никогаш не се задоволни со себе и мислат дека можат уште подобро. Таа е за оние кои страдаат поради направени грешки и се сметаат за виновни.

Цветот на верата во себе-аришот (Larch, Larix Decidua) е за луѓето со црни погледи. Тој е за оние кои никогаш не си дозволуваат да ризикуваат или ако го сторат тоа, се прашуваат дали не згрешиле. Тој е за оние кои постојано се враќаат во минатото и за оние кои се чувствуваат немирно и нерешително.

Синапот (Mustard, Sinapis Arvensis) е цветот на ведростта. Тој е на помош на оние кои ненадејно паѓаат во меланхолични расположенија. Синапот може да се користи во секој случај кога тагата не освојува и не гледаме никаква надеж.

Види

Како да направите домашен јаболков оцет

Зрели и паднати јаболка, непогодни за потрошувачка или друга обработка, обично се користат за оваа …