02.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Доаѓа леден бран кон Македонија, првата промена денес во попладневните и вечерните часови

Доаѓа леден бран кон Македонија, првата промена денес во попладневните и вечерните часови

Денес среда 15.11 ни доаѓа вистинска промена на временската состојба кај нас и тоа во попладневните и во вечерните часови кога се очекуваат нови врнежи од дожд, но од локален карактер, додека провејување на снег ќе има само на највисоките планини. Најпрвин ќе дува умерен до засилен ветер од западен и од југозападен, а потоа од северен и од северозападен правец, известува Метеоаларм.

Појава на дожд ќе има и во делови од Скопскиот регион и котлината, и сето тоа ќе биде проследено со умерен до засилен ветер од северен правец.

Утре четврток, краткотрајна стабилизација на времето кај нас.

Под влијание на циклонска активност од запад, и истата ќе биде поврзана со продор на студен воздух од север се очекува во петок попладне и навечер, а особено во текот на ноќта кон сабота и во сабота. Тогаш ќе има обилни врнежи од дожд, локално проследени со грмежи (локално ќе наврнат нови над 35 л/м2 воден талог).

Со приливот на студен воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во врнежи од снег и ќе се формира снежна покривка. Во сабота снежната граница ќе се спушти дури и под 1000 метри, па така локално провејување на снег за прв пат во оваа сезона ќе има и на некои повисоки градови.

Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен и од северозападен правец (повремено и локално со брзина до 90 км/час).

Од недела и во почетокот на следната седмица на повеќе места ќе има појава на мраз, што значи температурите ќе се спуштат под нулата. Максималните дневни температури за време на викендот значително ќе се намалат и тие ќе се искачуваат во интервалот само од 4 до 12 степени.

Целиот регион за време на викендот ќе биде под влијание на овој студен бран од север, па така на планините ќе дојде до формирање на првата позначителна снежна покривка (понекаде и за над 20 сантиметри), ова ваши и за Македонија. Најмногу снег ќе падне во планинските места во соседна Бугарија (над 50 сантиметри), за порта известува Славчо Попоски.

Види

Како да направите домашен јаболков оцет

Зрели и паднати јаболка, непогодни за потрошувачка или друга обработка, обично се користат за оваа …