26.04.2024
Почетна / Градина / Вести / МЗШВ ќе реализира сет мерки за развој и зголемување на органското производство 

МЗШВ ќе реализира сет мерки за развој и зголемување на органското производство 

Македонија има поволни агро-еколошки услови за развој на органското земјоделско производство, затоа започнуваме со реализација на сет мерки за стимулирање и унапредување на овој тип на производство, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на денешната  тркалезна маса „ Како да се поттикне органското производство на храна“.

Николовски потенцираше дека заложбата на МЗШВ за органското производство не е само декларативна, туку производителите на органско производство во Владата треба да гледаат силен партнер.

„Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги препознава бројните предности на органското производство, како и потенцијалот за развој на Македонија на ова поле.  Во тек е изработка на оглас за доделување на државно земјоделско земјиште наменето исклучиво за органско производство, кој ќе биде објавен на крајот на месецов.Воовој контекст, за прв пат ќе објавиме и оглас за доделување на државно земјоделско земјиште за производство на органска сточна храна. Посебен акцент ставаме на младите земјоделци, запоттикнување и поддршка на младите земјоделци, воведуваме нова политика, со која што дополнителна предност ќе имаат младите земјоделци чија што дејност би била токму органското производство“, порача министерот Николовски.

Дополнително финансиската поддршка за развој на органското земјоделско за 2018 година е зголемена од 61милиони денари на 81 милиони денари. Субвенциите достапни за земјоделците кои практикуваат органско производство, во зависност од културата, се до 100% повисоки од сумите наменети за конвенционално производство.Зголемени се и субвенциите за развојните категории на земјоделските стопанства од 20% за растително и 10% за сточарско производство кое ги опфаќа и органските производители.

Види

Букет со зачини

Станува збор за букет од свежи зачини и останати состојки кои се додаваат во супи, …