12.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Шест начини како да гo одржите свежо овошјето и зеленчукот подолго време

Шест начини како да гo одржите свежо овошјето и зеленчукот подолго време

Зеленолисните растенија би требало да се конзумираат во рок од 1-2 дена од купувањето, со цел да се обезбеди потребната свежина и да се искористат сите потребни состојки кои се содржат во растението. Но, доколку сте се одлучиле да ги чувате зеленолисните растенија, најдобар начин да им го продолжите животот е преку замотување на немијаните листови во лист хартија, со што се овозможува на хартијата да го апсорбира вишокот на влажност.

Ако лисјата го задржат вишокот на влага, тие ќе изгнијат многу брзо. После замотувањето во хартиениот лист ставете ги во пластична кеса и чувајте ги во фрижидер. Запомнете дека треба да ги исфрлите сите скапани листови пред да ги складирате. Чувајте ги во различни и одделни кесички во фрижидерот.

Свежа зелена салата и билки со “студена бања”

Доколку вашиот зеленчук започнал да изгледа како да изумира пополека поради ниските температури на вашиот фрижидер или доколку сте ги оставиле во некој сад подолго од потребното, можете лесно да ги освежите преку ставање во ледено студена вода. На пример, ставете ги листовите на марулата или на било кој друг зеленчук во голем сад во кој има ледено студена вода. Потоа, потресете ги малку во ладната вода со цел малку да се освежат и оживеат. За минута или две тие ќе се освежат и ќе започнат да изгледаат свежо како да се нови.

Замрзнување на овошјето и зеленчукот

Доколку се прецените во смисла колку брзо можете да го изконзумирате овошјето или зеленчукот после купувањето, не се откажувајте од него преку фрлање во контењер. Наместо тоа, исечкајте ги овошјето или зеченчукот на мали парченца и замрзнете ги се додека не се јави потреба за повторно конзумирање. Можете слободно да замрзнете производи, како: пиперка, боранија, брокула, зеље, зелка, целер, краставици, кромид, модар патлиџан, печурки, јаготки, боровинки, банани… и животот им е едноставно продолжен. Само не заборавајте да ги потопете во жешка вода пред да ги ставите во кеси за замрзнување и потоа во длабоко замрзнување. На тој начин се неутрелизираат бактериите во производите и се одложува за подолго време нивното расипување.

Замрзнување на зрела банана

Одсекогаш постоел митот кој вели дека доколку ставиме зрела банана во фрижидер, со тоа ќе направиме само да се расипе побрзо. Додека пак бананата во фрижидерот може да ја смени бојата во кафеава или црна за само неколку часа. Но тоа што е под лушпата, односно самата банана останува перфектна за јадење. Имено, ладните температури од фрижидерот ги охрабруваат ензимите кои се најдуваат во бананата (polyphenyl oxidase) да се претворат од polymerise phenols во polyphenols, со што лушпата на бананата станува црна. Како и да е, ладните температури ја чуваат бананата од презрејување. Ако не сакате да јадете банана која има потемнета лушпа, обидете се да ставите парчиња од зрела банана во пластична кеса и запечатете ја добро кесата пред да ја ставите во фрижидерот. Со овај мал трик ќе направите да изгледа овошјето многу повкусно.

Види

ОД СРЕДИНАТА НА СЛЕДНАТА СЕДМИЦА НИ ДОАЃА ПРВИОТ ИЗРАЗЕН ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: Се очекуваат температури и до 35 степени

Метео прогноза на Славчо Попоски: На повидок ни е и првиот поизразен топол бран од …