25.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Собни растенија – најголемите прочистувачи на воздухот дома

Собни растенија – најголемите прочистувачи на воздухот дома

Собните растенија – најголемите прочистувачи на воздухот дома

Според многу истражувања растенијата во домот го освежуваат воздухот. Се смета дека една растение може да допринесе во прочистување на воздухот за цели 10м2.

Владата во Индија пред извесно време направи кампањи за одгледување на Арека палмите во канцелариите и домот. Познато е дека оваа палма во текот на денот ги собира штетните материи од воздухот и испушта кислород.

На многу испитувања се докажа дека ова растение најдобро го неутрализира формалдехидот во домот и е најдобар овлажнувач на воздухот.

Постојат многу хемиски соединенија како формалдехидот, трихлоетиленот, бензолот и многу други хемикалии кои ги имаме во домот. Тие може да бидат добиени од мебелот, килимите и др, и предизвикуваат многу алергиски реакции, астма, главоболка итн.

Алое верата е лековито растение и исто така е голем прочистувач на воздухот, особено на формалдехидот.

За Драцената е познато дека ги уништува бензолот, ксилолот и формалдехидот.

Сансевиериата е исто така многу популарно растение. Карактеристично за ова растение е тоа што во текот на денот ги абсорбира штетните состојки, а кислород испушта во текот на ноќта. Затоа се препорачува ова растение да се чува онаму каде најчесто се спие во текот на ноќта.

Бршленот е многу погодно растение особено за астматичарите. Според серија истражувања доколку го чувате ова растение во вашата соба може да абсорбира 60% од прашината.

Види

Како да спречиш парадонтит?

На проблемите во усната празнина треба да се обрнува посебно внимание, бидејќи воспаленијата или кај …