14.12.2024
Почетна / Градина / Вести / Шест начини како да гo одржите свежо овошјето и зеленчукот подолго време

Шест начини како да гo одржите свежо овошјето и зеленчукот подолго време

Пролетта штотуку дојде, што значи дека со топлото време доаѓа и времето за вкусните сезонски овошја и зеленчуци. Но нивното одржување свежи е нешто сосема друго.

Повеќето од луѓето немаат време секој ден да ги посетуваат маркетите за да земат свежи производи, и наместо тоа, купуваат се што им треба наеднаш за подолг периот.

За жал, дури и со најдобрите намери и незаситени апетити, до крајот на неделата често имаме навика да се заситиме со овошје и зеленчук кои се стари и одстоени, со модринки на нив.

За среќа, сета таа добра храна немора да значи дека треба да заврши во контењер. Со само мала доза на внимание, постојат многу начини да се зачуваат производите во добра состојба, од кои пак може да се направи вашата омилена пролетна салата или летна торта. Се што треба да направите е да ги прочитате следните 6 совети за тоа како да ги зачувате вашите овошја и зеленчуци свежи подолго време.

Дајте им на вашите овошки “топла бања”

Штом времето станува жешко ние често добиваме желба да јадеме повеќе овошки од масата. Но, дури и со голем апетит, неизедените овошки може многу лесно да се исушат преку ноќ. Еден од начините да се запре предвременото сушење на овошјето, сигурно не е преку користење на пестициди, туку преку нивно мијање со жешка вода пред да се складираат. Процесот се вика “Термотерапија”, што значи дека едноставно вкучува потопување на овошките во кофа со жешка вода. Имено, жешката вода ја уништува мувлата и им овозможува на овошките да останат во свежа состојба подолго. Јаготките и боровинките најдобро е да се потопат во вода од околу 50 степени целзиусови за време од 30 секунди. После натопувањето во жешка вода, овошките ставетеги на сува крпа за да им се овозможи да дишат и потоа сместете ги на некое суво место.

Чувајте ги доматите надвор од фрижидерот

Доматите се еден од главните зеленчукови производи на скоро секоја трпеза преку целата година, но чувањето свежи преку летото може да биде доста тешко.

Ставањето на доматите во фрижидер може да изгледа како добар начин да ги зачувате нив свежи подолго време, но размислете уште еднаш дали е тоа вистинскиот начин. Една од најчестите грешки кога станува збор за складирањето на храната, е чувањето на доматите во фрижидер, кога всушност прекучувањето на ладна температура го губат вкусот и овенуваат за само неколку дена.

Наместо тоа, ставете ги во некаков сад на кој има поставено лист од хартија со стеблата одозгора. Имено, најнежниот дел од овошјето е околу стеблото, со што со мал посилен допир на тоа место многу лесно ќе се доведи до гниење. Исто така, температурата е фактор кој има големо влијание, особено кога се складираат доматите. Препорачливо е да се складираат на собна температура, настрана од директна топлина или сончева светлина. Доколку сеуште не сте ги конзумирале доматите брзо како што сте планирале, не ги поместувајте во садот со цел да се избегнат модринките. За помалку внимателните, исто така може да се набави специјален сад со контролирана вентилација и посебни рабови кои ја задржуваат влагата настрана од доматите. Препорачливо е доматите да се чуваат на тој начин најмалку една недела.

Замотајте ги вашите зеленолисни растенија

Види

ВЛАЖЕН И СТУДЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: Викендов силен ветер, дожд, снег и зголемување на снежната покривка

Под влијание на влажна и студена воздушна маса од север, за време на овој викенд …