03.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Од сеидба до расадување

Од сеидба до расадување

Препорачано количество на раствор од фунгициди за полевање изнесува 2-4 л/м2 или 30-50 милилитри на саксија или контејнер. Растворот дејствува на супстратот и на растението откако ќе биде вшмукан преку коренот. Времето на дејствување е 7-10 дена. Препорачливо е следниот третман да се изведе со прскање на расадот со системски фунгициди, кои освен што го заштитуваат надземниот дел на растенијата, транслокационо се спуштаат и во коренот, каде што ги сузбиваат и почвените фитопатогени габи. Некои од нив дејствуваат и на неспецифични патогени предизвикувачи на болести на расадот кои се јавуваат при лоши услови на одгледување: ниски температури, премногу влага и роса, слабо проветрување, мала осветленост и други во кои спаѓаат (црна дамка, пламеница, бактериози и др.).

Во програмата за превентивно сузбивање на болестите на расадот е препорачливо вклучување и на контактни фунгициди (на пример, Bravo и др.) кои имаат поширок спектар на дејствување на фитопаразитните габи коишто се предизвикувачи на болести на расадот. Интервалот меѓу третманите зависи од временските услови, осетливоста и фенофазите на растенијата и инфективниот потенцијал на болестите и штетниците. Освен предизвикувачите на болести, значајна опасност за расадот се и штетните инсекти и нематодите. При третманот со прскање, за заштита од надземни инсекти може да се додаде и некој инсектицид (Actara, Konfidor и др.), во зависност од потребата што ќе се заклучи со следење на нивната појава. За заштита од почвени инсекти и нематоди, при полевањето на супстратот може да се додадат специфични инсектициди и нематоциди или, пак, во почвата може да се аплицираат земјишни инсектициди.

Извор: ФФРМ, автор на текстот: дипл. инж. агроном Савка Маркудова

Види

Како да направите домашен јаболков оцет

Зрели и паднати јаболка, непогодни за потрошувачка или друга обработка, обично се користат за оваа …