19.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Од сеидба до расадување

Од сеидба до расадување

Расадот за раноградинарски култури може да се одгледува во сите облици на заштитен простор. Во објекти каде што се врши затоплување на воздухот и почвата (супстратот) се постигнуваат најдобри резултати, односно се добива расад со одличен квалитет.

Последниве години производството на густ расад во топли леи е значително намалено и сè почесто се одгледува во контејнери од стиропор или пластика, саксии или тресетни коцки. Производството на расад во контејнери овозможува полесно пикирање и расадување, како и контролирање на секое растение во однос на наводнувањето, прихранувањето и заштитата.

За ранозимско и пролетно производство на расад најдобро е да се произведе расад на овој начин, бидејќи растението се расадува сосе бусенот (кореновиот систем со почва) и не претрпува никаков стрес при пикирање или расадување.

Најдобра и сигурна смеска за производство на расад која овозможува најсоодветни услови за одгледување и спречување на појава на болести и штетници е готовиот супстрат од тресет или стерилна смеска. При производство на густ расад најдобро и економски најисплатливо е користењето на црн специјализиран супстрат со додадени хранливи материи и регулиран PH и EC. Ако се подготвува смеска од градинарска почва, прегорено арско ѓубре и песок, треба да се направи дезинфекција на смеската.

За дезинфекција треба да се користи комбинација од земјиштен инсектицид за заштита од штетници кои живеат во почвата и еден фунгицид против патогените микроорганизми. Контејнерите се полнат со смеската со умерено притискање, така што се формира постелка. На површината се поставува семката и се нанесува уште еден тенок слој од супстратот, кој благо се притиснува. Семето се сее на длабочина од неколку милиметри.

По сеењето контејнерите се поставуваат на некоја подлога или, пак, на површината на земјата во пластеникот, која е покриена со полипропиленска подлога, за да не дојде до прораснување на коренот во земјата и заради спречување на напади од болести и штетници од почвата. Контејнерите можат да се користат повеќе години, но пред сеењето треба да се дезинфицираат со потопување во 10-процентен раствор од варикина, со раствор од син камен или некое друго дезинфекционо средство. Доколку се планира да се пикира расадот, семето се сее во контејнери со големина на расадните единици од 2х2 см до 3х3 см. Ако се произведува готов расад за расадување без пикирање, димензиите на коцката се 6х6 до 8х8 см или дијаметар од 6-8 см, ако е округла форма, (саксии), па и поголеми, зависно од видот на културата.

На што треба да се внимава при одгледувањето на расадот?

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …