02.05.2024
Почетна / Uncategorized / Кулата што го усисува смогот од воздухот – после Холандија и Кина пристигнува и во Полска

Кулата што го усисува смогот од воздухот – после Холандија и Кина пристигнува и во Полска

Холандската компанија Studio Roosegaarde, предводена од нејзиниот основач Даан Рузгард, започна серија урбани иновации кои комбинираат уметност и модерна технологија за создавање урбана и чиста животна средина. Меѓу иновациите e и „кулата за смог“, првата правосмукалка за смог што наскоро го најде своето место во Полска.

По првичната инсталација во Ротердам и Амстердам, а потоа во Пекинг во 2016 година, првиот светски чистач на смог доаѓа во Краков во Полска, каде што ќе ги реши проблемите со урбаниот смог со употреба на технологија за јонизација. Кулата е дел од проектот што го започна холандската компанија Студио Рузгард, предводена од дизајнерот и иноватор Даан Рузгард, кој има за цел да создаде почист воздух во урбаните области. Висината на оваа иновативна кула е 7 метри и дебелината е 3, 5 метри. Кулата привлекува и апсорбира штетни честички на смог и го враќа прочистениот воздух назад. Собраните честички од јаглерод што се оставени зад себе по прочистувањето на воздухот се компресирани и се користат за правење накит.

Научниците од технолошкиот универзитет Ајндховен ја проучувале ефективноста на кулата „Роузгард“ и откриле дека може да собере до 70% од честичките ПМ10 (суспендирани честички со дијаметар помал од 10 микрометри) и до 50% од честичките ПМ2,5 (суспендирани честички помалку од 2,5 микрометри во дијаметар) . Тестовите откриле дека кулата троши помалку електрична енергија од обичен бојлер. Откако била инсталирана во Пекинг, кулата расчистила 30 милиони кубни метри воздух за 41 дена, што е десет пати поголема од обемот на Националниот стадион во Пекинг со капацитет од 80.000 гледачи. „SmogFreeTower“ наскоро доаѓа во Краков, поточно во близина на Музејот за современа уметност, каде ќе се одржи изложба од 16 февруари до 15 април, на која се претставени прстени изработени од собраните јаглеродни честички во веќе поставени кули.

Види

Градинарство во Зима

Со оглед на последните временски заладувања ќе се потрудиме да ви понудиме неколку совети како …