Почетна / Градина / Вести / Неделна временска прогноза: Какво време не очекува ?!

Неделна временска прогноза: Какво време не очекува ?!

Над подрачјето на Македонија имаме стациониран и добро наместен и стабилен антициклон кој е со зголемено поле на висок воздушен притисок што придонесува да имаме токму онакви временски прилики какви што имавме изминатиов период па така и денес.

Според метео прогнозистичките параметри (модели) за жал ваквата временска состојба ќе не послужи се некаде до околу 23 / 1, а тоа секако подразбира дека до тој датум ќе продолжи да имаме генерално стабилно и суво време без никакви врнежи. Многу потопло со подолги сончеви периоди ќе можете да уживате низ планините и повисоките планински предели, додека котлините во добар дел од државата ќе продолжат да се гушат во магла и ниски облаци каде што ќе биде нормално и постудено.

Во поглед на температурите тие во наредниот период нема да имаат некоја особена промена во однос на денешната. Маглата низ котлините продолжува и во следниот период, додека потопло останува со повеќе сончеви периоди низ планините и повисоките планински предели. Според прогнозистичкиот GFS модел, после 23 или 24/1, неофицијално како што можете да видите на долу приложените фотографии се гледа некој знаци за можна промена на времето кај нас во Македонија, но како што спомнав ништо сигурно се уште така да се подложно на понатамошни промени во прогнозите. Како и да е се следи спстојбата а за секоја ново настаната состојба ќе бидете известени навремено. Следете не !

Временскиот извештај го анализира и подготви: Denis Muhovic

Види

Обезбедете го течниот отпад од шталите да не ја загадите водата

Управувањето со шталското ѓубриво претставува низа содветни постапки во кои се опфатени негово чување расфрлање …