02.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Кои ќе бидат главните активности на агро саемот во Струмица?

Кои ќе бидат главните активности на агро саемот во Струмица?

Со овој голем настан сакаме да продолжиме да ја почитуваме локално произведената храна, да си ја чуваме традицијата наследена од нашите баби и дедовци, бидејќи таа е најголем доказ дека овде векувал народ кој со генерации ја пренесувал убавината и радоста на животот, токму преку храната.

Саемот ќе ги собере најзначајните компании во агро бизнисот и најголемите производители на храна од регионот, саемот ќе биде неизбежно место за средба на земјоделските производители од земјата и од регионот
Целта на Саемот е да го промовира домашното производство, да ја подигне свеста за домашно произведената храна и да овозможиме зајакнување на соработката и довербата помеѓу сите кои се вклучени во синџирот на земјоделско производство, бидејќи храната е нашиот индетитет.

Главни активности на Агро Саем Струмица 2023 ќе бидат:
1. Промоција на традиционалната домашна произведена храна
2. Натпревар во избор за највкусен мед од балканот
3. Одржување на панел дискусии
4. Одржување на стручни предавања
5. Промоција на градинарски производи.
6. Промоција на Органски производи.
7. Промоција на нова технологија во земјоделското производство.
8. Презентирање на најновата земјоделска механизација.
9. Промоција на најновите репроматеријали кој се користат во производството.
10. Презентација на можностите за рурален туризам во југоистокот.
11. Богата културно уметничка програма ( настап на преку 100 играорци )
Освен продажно-изложбениот карактер, саемот ќе има и натпреварувачки карактер, односно на саемот ќе биде организиран и избор на “ Највкусен мед “ каде што пчелари од цел Балкан ќе учествуваат на натпреварот со свои примероци на мед.
Целта е да го покажеме нашето богатство и потенцијал за развој којшто го имаме во нашите полиња и низ нашите пасишта, бидејќи малите производители може се мали по капацитет, но се големи по квалитет.
Поради големиот интерес од страна на изложувачите а се со цел за подобра организација и припрема на промотивниот материјал пријавувањето на учесниците е до 01. Септември
Пријавување на proagrofarmeri@yahoo.com
070 389 034
070 389 033

Види

Јади гоџи бери, за да живееш 100 години!

Ако сакате да дочекатe длабокa старост, да сте здрави и да изгледате млади, рецептот е …