01.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Денес почнува првото издание на Дојран Рок Фест

Денес почнува првото издание на Дојран Рок Фест

Денеска ќе се одржи првото издание на Дојран Рок Фест. „Особено сме горди и посебно возбудени за овој проект бидејќи излегуваме од границите на градот Скопје и се упатуваме кон нашиот бисер на југот Дојран. Еднодневниот фестивал ќе се одржи на плоштадот во Стар Дојран“, соопштуваат организаторите на фестивалот.

„Исто така планираме овој фестивал да биде традиционален и да влезе во агендата на летни фестивали кои во екот на туристичката сезона ќе привлечат уште повеќе млади лица во Дојран“.

На фестивалот ќе настапат 5 различни музички групи исклучиво од нашата држава и тоа Bad Obsession, High Voltage, Cruel, Daktili и The Chicks.

Сите посетители мора да се придржуваат до мерките пропишани за одржување на јавни настани и одржување на пропишаната физичка дистанца.

Настанот го покрива Министерство за Култура.

Види

Јади гоџи бери, за да живееш 100 години!

Ако сакате да дочекатe длабокa старост, да сте здрави и да изгледате млади, рецептот е …