28.04.2024
Почетна / Градина / Животни / Белонокта/степска ветрушка (Falco naumanni)

Белонокта/степска ветрушка (Falco naumanni)

Колонијален вид ветрушка кој гнезди во Европа, а презимува во Централна и Јужна Африка.

Границите на ареалот на распространување и гнездење на овој вид се потегот Казакхстан-Украина на север, Кина и Монголија на исток, Шпанија на запад и потегот Алжир-Иран на југ.

Најголем дел од европската популација (50%) е концентрирана во Шпанија, делумно како резултат на успешната долгогодишна програма на опоравување и обновување на популацијата на белоноктите ветрушки во Шпанија.

Главно јадење на менито на овој вид најчесто се разни инсекти, иако понекогаш јадат и помали птици и глодачи. Како што кажува и името, најповолни живеалишта на оваа ветрушка се степоликите предели, аридни подрачја со пространи земјоделски површини и во близина на села/градови. Исто така, штом ја најдат соодветната локација за гнездење (покров од стара куќа или амбар, пукнатини од високи згради или во некоја хоризонтална карпеста пукнатина) тие не се трудат многу при изградбата на гнездата – доволни се неколку сламки или гранчиња. Гнездечката сезона започнува наскоро по преселбата (крај на април – втора половина на мај), а малите се изведуваат до средина на јуни. Бидејќи силата е во бројноста на колонијата, белоноктите ветрушки за грижата на младите зависат од меѓусебната комуникација.

Белоноктата ветрушка е многу слична и најчесто може да се поистовети со обичната ветрушка (Falco tinnunculus) но сепак се разликуваат по:

Види

Кучето секој ден гледало надвор од прозорец, а причината ќе ве остави без зборови

Три пати на ден, кучето на Кејси со нетрпение гледало пред прозорецот. Најпрво, Кејси, горда …