26.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Каменот што ја одбива негативната енергија

Каменот што ја одбива негативната енергија

Карнеолот претставува кристал со портокалово-кафеава боја. Пронајден е и употребуван за накит уште во Бронзеното доба. Името му доаѓа од латинскиот збор caro, carnis што значи месо или тело.

Длабоката портокалова боја овој минерал го поврзува со втората енергетска чакра. Поради тоа има изразени карактеристики на балансирање и поттикнување на креативноста, сексуалноста и помага во изразувањето на чувствата.

Има карактеристики на топла енергија, поради што мошне успешно се употребува во состојби кога ни е потребна физичка сила и регенеративна енергија. Неговата силна заземјувачка енергија ни помага да ги прифатиме животните циклуси и ни дава сила и храброст да ги надминеме блокадите и апатијата.

Познат е по тоа што има позитивно влијание на оној што го носи, односно го штити од психички напади. Помага за одбивање на негативната енергија и за враќање на рамнотежата во телото на носителот на овој камен. Тој олободува од замор, депресија и анксиозност. Неговата интензивна енергија го стимулира метаболизмот и ја зголемува фертилноста и потентноста.

Карнеолот е камен кој се препорачува за хороскопските знаци – овен, бик, рак и девица.

Карнеолот многу го употребувале Римјаните за изработка на печат со употреба на восок, бидејќи топлиот восок не се лепи на карнеолот.

За повеќе информации во продавницата за Македонски Рубин и кристали „ДЕКО“ како и нарачка кликнете ТУКА

 

Види

Букет со зачини

Станува збор за букет од свежи зачини и останати состојки кои се додаваат во супи, …