28.03.2024
Почетна / Градина / Животни / Белонокта/степска ветрушка (Falco naumanni)

Белонокта/степска ветрушка (Falco naumanni)

Најголеми закани за овој вид се употребата на пестициди, напуштање на земјоделските површини, напуштање и рушење на старите куќи/амбари погодни за гнездење и електрокуција (смрт предизвикана од струен удар). Според меѓународниот статус на заштита според Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN), до 2011 година белоноктата ветрушка беше евидентирана како чувствителен вид (VU). Меѓутоа, со порастот на европската популација на овој вид како резултат на интензивната програма за опоравување на популацијата на белоноктите ветрушки во Шпанија (преку менување на националните земјоделските пракси – намалена употреба на пестициди – и спроведување на национална програма за поставување куќарки за гнездење) во 2012 година од чувствителен премина во близу засегнат вид (NT). И покрај ваквите позитивни искуства и резултати на шпанските институции и организации, според последните истражувања во Македонија овој вид бележи драстично намалување на бројноста/големината на популациите во своите два најголеми ареали на распространување – Пелагонија и Овче Поле.

Покрај постојан мониторинг, намалена употреба на пестициди, обнова и одржување на старите куќи/амбари, одржување на земјоделските површини и поставување на куќарки за гнездење се неколкуте мерки кои може да се преземат со цел следење, обнова и оддржување на стабилна популацијата на белоноктата ветрушка во Македонија и во нејзиниот целокупен ареал на распространување.

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …