Почетна / Градина / Вести / Упатство за формирање на тревник: 7 факти за тревата

Упатство за формирање на тревник: 7 факти за тревата

• Тревното семе во сенка побрзо р`ти од истото на сонце. Затоа што на тие места влагата подолго се задржува.

• Плевењето диви треви е најдобра и најздрава терапија против стрес. Докажано и проверено ! Безопасно е пробајте!

• Со редовно полевање и 1х неделно косење, тревникот визуелно згуснува за 30-45 дена.

• Млада трева во фаза на р`тење, може да се суши во кругови или флеки заради болест, која се јавува како резултат на високи температури над 30 º и висока влага во почвата.

• Болести и штетни инсекти (ларви) ја напаѓаат и старата трева.

• Покрај редовно полевање, ѓубрење и косење, на тревата и е неопходно и проветрување.

• Мовта во тревата може да биде настаната од повеќе причини : сенка, претерано и често полевање, недостаток на кислород во почвата, испоснета недоволно прихранувана почва,
закиселување или лоша дренажа.

Трајно се отстранува со отстранување на причинителот !

За повеќе информации можете да го посетите градинарскиот центар ФОЈА

Види

Кучето секој ден го чека својот најдобар пријател да си дојде дома

Кучињата дефинитивно се најдобите пријатели на човекот. Погледнете како ова куче од расата Ритривер секој …