11.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Зимата е одличнa за одгледувањето на билки

Зимата е одличнa за одгледувањето на билки

Пролетта, летото, есента и зимата се одлични годишни времиња за одлгедување на билки.

За да ја започнете вашата година за одгледување на билки во градината или домот, прво треба да се одлучите што точно ќе растете и за која намена.

Можеби тоа ќе бидат зачини за вашите сосови, готвени компири или за чај.

Постои толку многу избор и одлични вкусови за кои би можеле лесно да се одлучите. Откако ќе се одлучите за тоа што ќе го растете, потребно е да набавите семе или малку веќе пораснати билки. Тоа може да го купите од земјоделските аптеки или пазарите.

Многу билки освен во дворот или градината може да ги засадите и во вашиот дом. Тоа важи особено за оние кои тешко го поднесуваат студот и зимата.

Кога ќе ги набавите потребните растенија или семе, треба да ги засадите. Повеќето билки успеваат на речиси сите видови почва. Ако сте решени да ги засадите во саксии треба да направите дренажа за коренот да не биде потопен постојано во водата. Така ќе го избегнете гниењето на коренот.

Откако сте засадиле, најдете место за каде да ги поставите. Најдобрата локција за вашите билки е светлото место во домот за внатрешно одгледување. Најдобро е да ги поставите веднаш до прозорецот. На тој начин ќе им ја обезбедите потребната светлина и вашите билки ќе растат побрзо и за кратко време можете да ги користите за вашата трпеза.

Види

ОД СРЕДИНАТА НА СЛЕДНАТА СЕДМИЦА НИ ДОАЃА ПРВИОТ ИЗРАЗЕН ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: Се очекуваат температури и до 35 степени

Метео прогноза на Славчо Попоски: На повидок ни е и првиот поизразен топол бран од …