06.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Растението кое ви го прочистува воздухот дома

Растението кое ви го прочистува воздухот дома

Овој род опфаќа над 20 едностеблени или многостеблени палми. Стеблата на некои видови, досигнуваат и до 15м висина.

Имаат карактеристични криви листови од двете страни на централниот нерв. Листовите се заострени и свиснати надолу.

Арека палмата потекнува од тропските региони и најмногу ирее во богатите врнежливи области на Мадагаскар, Камарските острови, како и во Танзанија.

Таа претставува едно од најмоќните растенија кои го збогатуваат дневниот простор со кислород, а притоа намалувајќи го јаглеродниот диоксид во воздухот.

Благодарение на способноста и за прилагодување кон поладна средина ова е доста барано собно растение. Бара светли места за одгледување и доколку е на доволно светло, средните нерви добиваат жолта боја. При доволно сонце четкичките исто така стекнуваат златна нијанса. Поради тоа својство растението е познато по името “златоплодна палма”.

„Chrysalidocarpus lutescens“ е една од повеќето во домот благодарни палми за топли простории, веранди или зимски гадини. Оптималната собна температура која треба да се овозможи е помеѓу 18 и 22 степени. Бара да се прска често или да се постави над водна површина. Во зима може да издржи и до ноќна температура од 13 C, но сепак расте побавно.

За да се развива добро, овие палми имаат потреба од додаток на почва, воздушна влага, а во периодот на растење и редовно ѓубрење. Најдобро е да се наводнува со стоена вода. Пресадувањето на Ареката треба да биде периодично. Младите растенија се пресадуваат секоја година, а возрасните до 7 години на секои 3-5 години, а оние кои се над 15 годишна возраст на секои 6-7 години. Пресадувањето се врши на пролет, поточно март или април.

Види

Како да направите домашен јаболков оцет

Зрели и паднати јаболка, непогодни за потрошувачка или друга обработка, обично се користат за оваа …