17.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Заштитата на шумите како природно национално богатство е еден од приоритетите на Владата

Заштитата на шумите како природно национално богатство е еден од приоритетите на Владата

Шумите во Македонија уживаат посебна заштита согласно Уставот на Република Македонија, и  имаат еколошки, економски, социјални, естетски и културни вредности. Нивната заштита е примарна цел на државата и на оваа Влада. Министерот Спасовски потенцираше дека мора да се зголемат практичните напори во сузбивањето на натамошното уништување на шумите, притоа градејќи поефикасен и координиран систем за делување, кој меѓу другото, ќе се темели и на сите проверени, соодветно применливи и позитивни искуства, како што се случајов се искуствата и практиките на италијанските институции во превенцијата и сузбивањето на непланското и незаконско однесување кон шумите, но и нивна заштита и чување.

„ Конечно, сакам сосема отворено да искажам едно свое лично убедување, личен мотив – човекот е дел од природата, и нашиот опстанок зависи исклучиво од нејзино чување а не од нејзиното загосподарување. МВР неколку години наназад ги засили напорите за превенирање и сузбивање на нагорниот тренд на незаконско пустошење и сеча на шумите, и нивна незаконска препродажба како огровен или градбен материјал. Само во текот на минатата година беа евидентирани 206 кривични дела по основ на кражба на дрва или пустошење шуми со кои беа опфатени 243 сторители против кои севкупно беа поднесени 174 кривични пријави“, изјави министерот Спасовски.

Станува збор за бесправно исечена дрвна маса вредна речиси 11 милиони денари или точно 10.939.000 денари, односно за неповратно загубени 24.841 метар кубен дрвна маса. МВР во тесна соработка со МЗВШ лани изведоа 315 заеднички акциски контроли при што беа одземени 607 метри кубни дрвна маса, додека годинава, односно во изминатите шест месеци беа спроведени 359 заеднички акциски контроли  а беа одземени 510 метри кубни дрвна маса.

Продолжуваат практичните напори за заштита на шумите, како и меѓуниституционалната соработка во оваа насока. Денешниот настан е уште еден во низата на иницијативи на оваа влада за унапредувањето на заштитата на шумите, особено во однос на заштита од пожарите и нелегалната, нерегистрирана сеча како најголеми закани за шумските ресурси.

Види

Која била најголемата жаба во светот?

Жабите би требало да се мали и слатки, но овие т.н. Голиат жаби, како што …