02.05.2024
Почетна / Градина / Која била најголемата жаба во светот?

Која била најголемата жаба во светот?

Жабите би требало да се мали и слатки, но овие т.н. Голиат жаби, како што и самото име ни кажува се огромни жаби кои можат да израснат до 33 cm и да достигнат тежина од 3,3 килограми (колку една мачка).

Нивното научно име е Conraua goliath и во нормални услови живеат околу 15 години и се хранат со инсекти, шкорпии и мали жаби.

Голиат жабите (Conraua goliath) се најголемите рецентни безопашести водоземци – Anura кои живеат на Земјата, а веројатно и најголеми од сите што некогаш живееле.

Ова води до различни хипотези дека овие жаби претставуваат горна граница на раст на Anura . Овој вид има релативно мал број на живеалишта, обично ги населува брзо течечките реки со песочни дна во Западна Африка (во близина на Габон).

Нивниот IUCN статус “загрозен вид” се должи на уништувањето на нивното природно живеалиште како и ловот за храна и за трговија како домашно миленичиња.

Човекот е главниот фактор кој влијае директно или индиректно да овој единствен вид на безопашест водоземец кој достигнува толкави димензии ја намали својата бројност и се најде на работ на исчезнување.

Извор: Истражувачко друштво на студенти биолози (ИДСБ)

Види

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …