28.04.2024
Почетна / Градина / Вести / За места каде што косилката не може да стигне, може да се потпрете на мултифункционалниот тример YG520

За места каде што косилката не може да стигне, може да се потпрете на мултифункционалниот тример YG520

За места каде што косилката не може да стигне, може да се потпрете на тримерот. Постои соодветен тример за секој тип на градина – без разлика дали е мал, среден или голем. Асортиманот на AGRINA нуди различни тримери за да одговараат на сите индивидуални потреби.

Денес се посветуваме на тримерот AGRINA YG520 кој припаѓа на групата полу-професионални тримери за фреквентна употреба. Заради својата иновативна конструкција се одликува со голема флексибилност во однос на работните тела, па така, освен што може да служи како моторна коса за трева (со трими глава и жила), може да се користи и како:

– Тример за сечење на грмушки и дрвенести растенија до Ф20mm со помош на диск-нож.

– Тример за уредување на украсни грмушки и живи огради, како и украсни дрва (hedge trimmer) со нож од 430мм. Висината на тримерот е 2,3m

– Телескопска моторна пила со меч од 19,5 заби.

Доколку сакате со доплата може да си набавите и фреза, за култивирање на земја со работна зафатнина од 250mm.

 

Мултифункционалната машина YG520 има мотор со моќност од 2,2 KW, и зафатнина од 45,6 cm3. Работи под ниво на притисок од 100Dba. Тежи 8,5 килограми.

За нарачки на СИНПЕКС-ШОП

 

Види

Букет со зачини

Станува збор за букет од свежи зачини и останати состојки кои се додаваат во супи, …