28.03.2024
Почетна / Градина / Општо за балконските растенија

Општо за балконските растенија

Растенијата во саксии не се развиваат толку лесно колку оние што растат во градина.

Затоа секогаш треба да внимавате при изборот на цвеќињата што ќе ги чувате на балконот, бидејќи речиси е сигурно дека таму нема да успеат големите растенија.

Вакви проблеми ќе немате со висечките видови цвеќиња, кои од пролетта до летото личат на цветни гроздови.

Сепак, иако овие растенија се повеќегодишни, препорачливо е да не ги купувате ако немате каде да ги сместите преку зима. Најдобро е во балконските саксии да засадите летни цвеќиња кои за време од една година никнуваат, растат и венеат. Такви се, на пример, петуниите, лобелиите, украсниот грашок, салвиите и многу други видови, во чии цветови може да уживате од април до првите есенски мразови.

Страната на светот на која е поставен вашиот балкон битно влијае врз изборот на растенијата што ќе ги насадите. Важен фактор е и на кој кат во зградата се наоѓа вашиот стан. Доколку балконот е свртен на север, североисток или исток, искусните цвеќари сигурно ќе ве советуваат да купите бегунии, лантании и други видови цвеќе кои се отпорни на ниски температури. Вистински украс за терасите свртени кон запад се каранфилите, лобелиите, петуниите и другите летни цвеќиња. Важно е да се знае дека растенијата кои се наоѓаат повисоко од осмиот кат се изложени на силен ветар. Цвеќарите им препорачуваат на луѓето што живеат на повисоки катови, на балконите да не чуваат цвеќиња со високи стебла зашто многу е веројатно дека ќе се скршат или ќе се исушат од ветерот. На оваа висина без проблем можете да одгледувате бегунии и лобелии.

Види

Ако видиш смрдливка НЕ ЈА УБИВАЈ! Погледнете што значи тоа!

Ние веруваме дека на многу луѓе им пречат некои инсекти кои влегуваат во вашиот дом, …