02.05.2024
Почетна / Градина / Треба ли да чуваме растенија во спална? Еве што велат експертите!

Треба ли да чуваме растенија во спална? Еве што велат експертите!

Растенијата во куќата можат многу да влијаат на подобрувањето на квалитетот на воздухот и да обезбедат многу здравствени придобивки, а исто така изгледаат убаво и во просториите на вашиот дом. Сепак, многу се расправа дали растенијата треба да се чуваат во спалната соба или во просторијата каде што спиете.

Една од причините што експертите за Фенг Шуи не ги препорачуваат растенијата во спалната соба е што произведуваат енергија што не е компатибилна со спиењето, а другата причина е јаглерод диоксидот што го ослободуваат.

Но, експертите истакнуваат дека постојат некои видови кои можете слободно да ги ставате каде што спиете.

Бидејќи растенијата можат да помогнат во отстранување на токсините и да се подобри квалитетот на воздухот, постојат неколку видови кои најдобро ќе функционираат во просторијата.

Филадендрон се препорачува ако имате спална соба. Исто така и Сансеиверија се препорачува за ова место во нашиот дом. Во спалната можете да ги вклучите и лилјаните.

Види

Темјанот гo убива вирусот и ги лечи белите дробови

Познато е дека темјанот содржи хемиско соединение кое е многу корисно. Аромата на темјанот навистина …