28.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Совет што може да ви го спаси животот: Што ако наидете на мечка во планината?

Совет што може да ви го спаси животот: Што ако наидете на мечка во планината?

Многу повреди и смртни случаи можат да бидат спречени ако луѓето знаат како да се однесуваат во критични и екстремни ситуации. Во такви времиња, науката дефинитивно може да ви го спаси животот. Во познатиот сајт “Редит” еден корисник го поставува прашањето “Каков” непознат “факт би можел да ви го спаси животот?” И денес ви претставуваме еден од најдобрите одговори кои можат да ви помогнат и на вас.

Што ако наидете мечка во планината?

Сите сме слушнале дека при средба со мечка е најдобро да се правиш дека си мртов, но оваа стратегија обично не функционира. Ако видите мечка, држете се смирено и отстапете назад. Потоа полека тргнете во насоката од која сте дошле, без да ја испуштате мечката од поглед.

Не трчајте, бидејќи може да ја испровоцирате и да почне да ве брка. Мечките многу ретко напаѓаат луѓе и штом животното види дека немате намера да го нападнете, и тоа нема намера да тргне по вас.

Многу ретко можете да наидете и на агресивна мечка, која ќе сака да ве нападне. Тогаш треба да знаете дека мечките се многу брзи, но не се толку наивни. Ако се движите брзо околу некој автомобил или дрвјата, мечката ќе се умори и може да изгуби интерес. Ако е застаната на патот и се држи агресивно и вие се држите агресивно – повикајте, тропајте со нога, заканувајќи се со стап или камен.

Види

Букет со зачини

Станува збор за букет од свежи зачини и останати состојки кои се додаваат во супи, …