18.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Тие се најубави и најкорисни птици на планетата! Колку видови бувови се застапени во Македонија?!

Тие се најубави и најкорисни птици на планетата! Колку видови бувови се застапени во Македонија?!

Долгоушест був (Asio otus)

Со големина од 16-18 см Ќукот е најмалиот був кај нас. Тој е птица преселница (доаѓа и си оди заедно со ластовиците), додека Големиот ушест був со својата големина од 70 см и распон на крилја од околу 2 метри е најголемиот був што ги населува нашите простори.

Ќук (otus scops)

Бувовите се прекрасни ноќни грабливки кои имаат „човечки лик“. Очите и клунот им се поставени исто како и очите и носот кај човекот. Кај некој видови бувови, очите се со иста големина како и човечките, зениците се големи и на тој начин ја собираат максималната количина светлина. Во тоа помагаат и ситните паперје поставени околу очите кои ја рефлектираат светлината директно во зениците. Заради овие карактеристики, гледаат совршено и дење и ноќе. Како и кај поголемиот дел од птиците, очите им се недвижечки, па за да го пренасочат видот мора да ја вртат цела глава.


Шумски був

Види

Ова растение треба дома да го има секоја немажена девојка

Дома сите имаме цвеќиња и билки, но меѓу нив постојат такви кои кријат тајна за …