13.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Руско соколарство низ вековите

Руско соколарство низ вековите

Во тоа време царот поседувал неверојатни три илјади соколи и јастреби. Секоја птица била „специјализирана“ за лов на одреден вид плен – една за птици, а друга за зајаци. За време на Алексеј Михајлович царот поседувал неверојатни 3000 соколи и јастреби. Секоја птица била „специјализирана“ за лов на одреден вид плен – една за птици, а друга за зајаци. Грабливките биле собирани на север, главно во Архангелската област и во Сибир. Постоеле посебно пропишани правила за нивниот транспорт до Москва: биле превезувани во посебни кутии кои однатре биле обложени со филц, со цел на птиците да им биде поудобно. На порезниците што патувале со нив им било наредувано да се „грижат за птиците без никакви пропусти“ и да ги хранат навреме, но и да не им дозволуваат на кочијашите да возат премногу брзо. За да се нахрани целата царска колекција птици селаните морале да носат посебен „гулабарски данок“, односно во вид на данок да издвојуваат по два гулаби од своето домаќинство. Гулабите биле носени во посебно гулабарско стопанство. Во него имало илјадници гулаби на кои им било судено да станат храна за грабливките. За да се нахрани целата царска колекција птици селаните морале да носат посебен „гулабарски данок“, односно во вид на данок да издвојуваат по два гулаби од своето домаќинство Алексеј Михајлович бил многу горд на својата колекција птици. На пример, на амбасадорот на германската покраина Саксонија Август фон Маерберг му била укажана голема чест со тоа што му било дозволено да види неколку птици.

Во тоа време во Русија немале многу доверба во Европејците. Се верувало дека секој што ѝ припаѓа на римокатоличката црква има зло око, па од страв од уроци на амбасадорите што доаѓале во посета не им ги покажувале жените и птиците. Но на средбата со Германците царот бил толку расположен, така што на амбасадорите им ги покажувал дел од своите најубави птици, па дури и им дозволувал да направат неколку цртежи.

Извор: Руска Реч

Види

Цистите на јајници може да се лекуваат со растенија

Во денешно време повеќе од половина жени страдаат од цисти на јајниците. Во повеќето случаи цистите …