28.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Цистите на јајници може да се лекуваат со растенија

Цистите на јајници може да се лекуваат со растенија

Во денешно време повеќе од половина жени страдаат од цисти на јајниците. Во повеќето случаи цистите исчезнуваат сами од себе, понекогаш дури и без да се разбере дека постојат. Понекогаш, сепак се назначуваат лекови, па дури и операции.

Во таков случај, ви нудиме неколку рецепти кои може да се обидете пред да направите било што. За таа цел потребно е да направите запарка од цветови на невен, со тоа што една лажица сецкани листови од цветовите се ставаат во зовриена вода и се запаруваат околу 15 минути, а потоа се прецедуваат.

Се пие по половина чаша четири пати на ден, половина час пред јадење.

20 листови од алое вера се сечат или се кршат на ситни парчиња. Се мешаат со 500 грама мед, 500 мл. црвено вино и 2 лажици ранилист и се обаруваат во т.н. водена бања околу 30-40 мин. Потоа се прецедува и добиениот раствор се става во стаклено шише и се чува во фрижидер.

Се пие три пати на ден по 1 лажица пред јадење. Билната мешавина помага при цисти на јајниците, на главата и градите. На цистите може да се применува и надворешно лекување со рициново масло во форма на компресија. Се препорачува да се користи ладно пресување на рициново масло. Едно парче ткаенина се потопува во рициново масло и се става на стомакот.

Врз него се става крпа, за да не се загадува облеката. Врз крпата се става шише со топла вода и треба така да отстои барем еден час. Потоа останатото масло се втрива во кожата. Постапката се прави три пати неделно во период од три месеци, а се прекинува за време на менструација, при присуство на бременост или при обиди за забременување.

Види

Букет со зачини

Станува збор за букет од свежи зачини и останати состојки кои се додаваат во супи, …