12.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Реиши – лекот на кралевите

Реиши – лекот на кралевите

Сè во едно

Печурката реиши може да се користи секојдневно без никакви несакани ефекти врз човековото здравје. Кога редовно се користи, печурката воспоставува баланс во организмот, овозможувајќи им на сите органи да функционираат нормално. Во принцип, реиши не е 2 во едно, 3 во едно, 5 во едно и слично, туку таа е сè во едно. Го зајакнува, го модулира и го регулира имунолошкиот систем, ги отстранува циркулаторните блокади, ги отстранува акумулираните токсини (отрови) и го зајакнува и го ревитализира организмот.

Поради својата базна (алкална) основа, ја неутрализира киселоста на организмот. Печурките реиши им помагаат на 5-тe клучни органи кај луѓето: срцето, белите дробови, црниот дроб, панкреасот и бубрезите. Оваа печурка помага и при лечење сериозни здравствени нарушувања: респираторни, кардиоваскуларни, дигестивни, нефролошки, ендокринолошки, невролошки, (нервни растројства, хроничен умор и несоница), мигрена, драматични напади на главоболка, висок крвен притисок, дијабетес, астма, хроничен бронхитис, алергии (дури и сосема ги отстранува), ХИВ/сида и хепатитис A, B, C.

Поради својата алкална основа ја неутрализира киселоста на организмот, поттикнува обнова на бронхијалната слуз, дејствува антивоспалително, антибактериски против: стафилоки, стрептококи и стрептококна пневмонија, помага при искашлувањето и го намалува рефлексниот нагон кај непродуктивното суво кашлање. Реиши има силно антитуморно дејство, ја подобрува активноста на нашите клетки-убијци, нашата природна одбрана против канцерогените клетки.

Го зголемува производството на интерлеукин-1 и интерлеукин-2, дејствува антивирусно, го намалува нивото на серумскиот холестерол, го подобрува миокардијалниот метаболизам, го подобрува клеточното размножување во клеточното јадро од коскената срж, дејствува анти-ХИВ, има и аналгетски својства и помага во подобрување на општата состојба на целиот организам.

Повеќето луѓе не знаат дека емоционалното здравје е 100% вo релација со психичкото и физичкото здравје. Со други зборови, ако го подобриш своето психичко и физичко здравје, ќе се подобри и твоето емоционално здравје. Овие печурки помагаат во регулација на целокупниот телесен метаболизам – осигуруваат нормално функционирање на сите органи, вклучувајќи го и мозокот. Оттука, покрај другите титули, реиши ја носи и титулата просветлувач на умот.

Извор: мкд.мк

Види

ОД СРЕДИНАТА НА СЛЕДНАТА СЕДМИЦА НИ ДОАЃА ПРВИОТ ИЗРАЗЕН ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: Се очекуваат температури и до 35 степени

Метео прогноза на Славчо Попоски: На повидок ни е и првиот поизразен топол бран од …