28.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Реиши – лекот на кралевите

Реиши – лекот на кралевите

Денес печурката реиши може со право да се нарече чудото на 21 век. Реиши-печурките ѝ се познати на медицината повеќе од 4.000 години. Со право го добиле називот „лек на кралевите“.

Поради тоа што тешко се наоѓа во природата, била резервирана за азиските кралски семејства и богатите луѓе.

Во природата успеваат во дождовните шуми и само на одредени стебла, кои се во фаза на распаѓање. Од 10.000 стебла, само на 1-2 може да се најде реиши.

Славниот доктор Ши Жан Ли, од династијата Mинг, во својата книга „Голема енциклопедија на лековити билки“ ја препорачал употребата на печурката реиши како ефикасен лек во борба против многу болести и напишал дека долгорочното земање на реиши овозможува создавање на имунолошки здрав организам и здраво тело. Се смета дека оваа печурка е најлековита од сите медицински билки, а се рангира пред жен-шен (кojа дотогаш важела за билка на долговечноста).

Се одгледува како суво злато

Работите се промениле во втората половина од 20 век, кога почнало организирано одгледување на црвената печуркa реиши во Jапонија. Во 1970 год. на Универзитетот Киото, Јукио Наои со одреден метод успеал да одгледа печурки реиши на органски приспособени и третирани површини. Со ова практично се гарантирало дека секоја печурка ќе има максимум лековити состојки и се исклучува можноста за каква било контаминација со бактерии или токсини.

Додека расте, секоја печурка се чува и одгледува како суво злато. Овој метод во Kина почнал да се применува малку подоцна – во 1975 година, и оттогаш оваа чудотворна печурка му станува достапна на целиот свет. Печурките реиши се вистинско чудо помеѓу медицинските лековити билки поради својата супериорна лековитост, но и поради тоа што апсолутно немаат никакви несакани дејства врз човечкиот организам. Тотално се нетоксични и не постои начин за предозирање.

Види

Букет со зачини

Станува збор за букет од свежи зачини и останати состојки кои се додаваат во супи, …