02.05.2024
Почетна / Градина / Ramonda nathaliae Pancic & Petrovic (1882)

Ramonda nathaliae Pancic & Petrovic (1882)

Опис: Повеќегодишно зимзелено зелјасто растение со силен ризом и листови собрани во приземна розета. Листовите се ситни и правилно назубени; горната страна на листовите со разредени кафеави влакненца.

Цветното стебленце избива од центарот на розетата, високо до 10 см со 1-3 (4-5) цветови. Круната темно виолетова, ретко бела, чиниеста со портокалова основа, составена најчесто од 4, поретко 5-6 ливчиња. Плод чаура со голем број ситни семки.

Распространетост: Терцијален реликт, ендемит на централниот дел на Балканскиот полуостров распространет во Македонија, Србија и северна Грција. Во Македонија релативно чест во клисурите на десните притоки на Вардар (Треска, Бабуна, Тополка, Црна река, итн.) околните планини (Јакупица, Козјак, Ниџе, Кожуф) и во скоро сите зони на заштитеното повеќенаменско подрачје Јасен.

Станиште: Пукотините на северно експонирани кречнички стени во дијапазон на надморска висина од 350-1800м (во Македонија до 2150м). Населува експонирани стени, но често се сретнува и на стени во рамки на соодветна реликтна шумска вегетација. Рамонди, инаку, постојат три видови, од кои две растат на Балканот, и една на Пиринејскиот полуостров. Прво била откриена на Пиринеите, во 1831 година, благодарение на францускиот истражувач Ramond, по што целата врста беше именувана. Вториот тип ја најде Јосиф Панчиќ, 1874, прво на Ртањ, а потоа во Сиќевачка клисура и ја нарече (Сербика). Една деценија подоцна, во 1884 година, д-р Сава Петровиќ, судски лекар на кралот Милан Обреновиќ, со Јосиф Панчиќ ја најде кај нас и ја опиша како нов вид за науката под името на Наталија, во чест на српската кралицата Наталија.

Види

Темјанот гo убива вирусот и ги лечи белите дробови

Познато е дека темјанот содржи хемиско соединение кое е многу корисно. Аромата на темјанот навистина …