02.05.2024
Почетна / Градина / Вести / 18 корења за здравје

18 корења за здравје

Коренестиот зеленчук и јадливите грудки се богати извори на витамини, минерали, влакна и голем број други вредни хранливи материи.

Корењата на растенијата се поздрава алтернатива од свежо овошје и зеленчук.

Коренестите и грудкови зеленчуци не се само вкусни кулинарски задоволства, но и ефикасни лекови. Тие се интегрален дел од нетрадиционалната медицина.

Морков – најомилен и корисен сладок корен. Тие се исклучително богати со провитамин А (силен антиоксидант), витамин Б и Ц.

Редовното конзумирање на моркови ги подобрува видот и меморијата, го зајакнува имунолошкиот систем, штити од кардиоваскуларни и воспалителни болести. Морковите имаат подмладувачки и освежувачки ефект врз кожата.

Компири – содржат во големи количини витамин Ц, особено свежите компири. Помагаат при модринки, изгореници и отоци, остеопороза, хипертензија, нервни растројства.

Батати (слатки компири) Богати се со витамини А, Ц и П. Корисни се за оние што страдаат од дијабетес, но некои луѓе се алергични на нив. Овие коренести зеленчуци го забавуваат процесот на стареење.

Репички – вкусни и корисни. Овие вкусни корења се прекрасен природен лек при настинка, жолтица, проблеми со уринарниот тракт, запек. Содржат витамин Ц во големи количини, имаат својство да ја прочистуваат крвта, да го поттикнуваат варењето и да ја хидратираат кожата.

Кромид – богат е со сулфур и витамин Ц. Го зајакнува имунолошкиот систем, помага при настинки и надворешни рани, ја стимулира циркулацијата. Тој поседува силно диуретични и антисептично.

Репка – Репката е корен со богата содржина на витамин Ц и фолна киселина, поради што е идеална храна за време на бременоста. Се користи во лекување на леукемија во народната медицина. Овој корен се користи за регулирање на крвниот притисок, при рани и отоци, анемија, хепатални заболувања.

Рен – го крева апетитот, го подобрува варењето, помага при ревматизам, има диуретично и противомикробно дејство.

Јапонски рен, е корен со завидни здравствени и вкусни квалитети. Васабито има силни противоалергични, антибактериски и противоасматични својства. Чудесниот корен дури штити од различни видови на рак.

Јамс – Уште еден кинески корен со прекрасни здравствени квалитети. Тој го зајакнува нервниот систем, помага при мускулни повреди, гастроинтестинални проблеми, артритис и други воспаленија на зглобовите.

Алабаш (Гули) за силен имунитет Овој здрав зеленчук коренест е богат со протеини, аминокиселини, витамини А, Б, Ц и Е, фолна киселина, калциум, магнезиум, цинк и др. Алабашот го зајакнува имунолошкиот систем, помага при анемија и авитаминоза, астма, бронхитис.

(крај на првиот дел)

Види

Јади гоџи бери, за да живееш 100 години!

Ако сакате да дочекатe длабокa старост, да сте здрави и да изгледате млади, рецептот е …