30.04.2024
Почетна / Градина / Вести / По една чаша наутро: Чајот што помага на пушачите

По една чаша наутро: Чајот што помага на пушачите

Уште од минатото, оревот се смета за идеална храна за мозокот. Оревите се богат извор на омега-3 масни киселини, кои се одговорни за правилно функционирање на мозочните клетки и невротрансмитерите одговорни за промена на расположението, поради што тие се корисни при лекувањето на депресијата. Но оревот се смета дека помага и за откажување од пушењето на цигари. За да приготвите чај од орев најпрво одделете ги внатрешните прегради од јатките. Издвоените прегради од јатките ставете ги во посебен сад и потопете ги со вода и оставете да преноќат. Наутро згответе ги како чај. Испијте го чајот на празен желудник. Овој чај дејствува успешно и против температура која е поврзана со срцеви болки. Веднаш после првата шолја чај би требало да почуствувате подобрување. Напомена: Пред употреба консултирајте се со вашиот матичен лекар!

Види

Темјанот гo убива вирусот и ги лечи белите дробови

Познато е дека темјанот содржи хемиско соединение кое е многу корисно. Аромата на темјанот навистина …