Почетна / Градина / Храна / Нова сорта на црни домати

Нова сорта на црни домати

Научници од Израел успеаа да добијат нова сорта на домати на кои надворешната страна е црна, а внатрешноста ја имаат зачувано црвената боја.

Тие го крстија овој нов зеленчуков производ „Black Galaxy“ што во превод значи „Црна Галаксија“ . Овие домати потекнуваат од врвна сорта а во нив е вбризган темен пигмент од боровница.

Начинот на созревање е истиот како и на целосно црвениот домат, со таа разлика што како започнуваат доматите да зреат, така добиваат се потемна боја.

Инак научниците велат дека овие домати се богати со антиоксиданси и со витаминот Ц.

Види

Македонија прв пат ќе тестира има ли храна третирана со јонизирачко зрачење

Агенцијата за храна и ветеринарство, за прв пат, ќе врши испитувања дали на македонскиот пазар …