28.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Индексот на цените на растителното производство изнесува 115.8, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 105.4

Индексот на цените на растителното производство изнесува 115.8, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 105.4

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во април 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 3.2 %, а кај аутпутот се бележи зголемување од 13.3 %.

Во април 2018 година, во споредба со април 2017 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 103.3, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 102.0.

Во делот аутпут, во април 2018 година, во споредба со април 2017 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 115.8, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 105.4.

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …