02.05.2024
Почетна / Градина / Храна / Нешто повеќе за козјото сирење

Нешто повеќе за козјото сирење

Поради специфичниот кисел вкус, козјото сирење се комбинира и со овошје и десерти. Тоа е богато со протеини, кобалт соли, калциум и многу витамини. Помага за побрзо лекување на белодробни заболувања, го зајакнува имунолошкиот и нервниот систем, лекува чувствителен стомак, помага при артритис, ревматизам, дијабетес, срцеви и бубрежни проблеми.

Некои научници го нарекуваат “природен антибиотик”, бидејќи нè штити од голем број на болести. Голема предност е дека се вари во стомакот за 20 минути, додека за кравјото се бара шест пати повеќе време. Силициумот кој го содржи, дава цврстина на кожата и го стимулира растот на косата и ноктите.

Козјото сирење е ценето и во диеталната исхрана, бидејќи има 40% помалку калории од кравјото и содржи само 90 килокалории во 100 години.

Поради специфичниот кисел вкус козјото сирење е меѓу најчестите “антипасти” (стартери во медитеранската кујна). Одлично одговара на црвено вино и одлична комбинација со голем број на вкусови, погодни за салати, закуски, мезе, сосови, главни јадења, десерти, итн.

 

Види

Јади гоџи бери, за да живееш 100 години!

Ако сакате да дочекатe длабокa старост, да сте здрави и да изгледате млади, рецептот е …