Ехидните (Tachyglossidae) се од класата цицачи. Ги има во Австралија, Тасманија и Нова Гвинеја.
Женката снесува јајца, а потоа ги дои малите. Телото и сличнно со телото на ежето и покриено со долги боцки и влакненца.
Клунот е проширен за да може да ги достигне мравките, термитите, црвите и ларвите, со кои се храни.
Активни се главно ноќе, во текот на денот се одмараат. Новороденчето достигнува само 12 мм должина, а по 6-8 недели малите се долги веќе 10 см и мајката ги крие во гнезда. Ехидните живеат повеќе од 50 години.
Овие животни имаат многу добар слух и лош вид, чувствуваат лесно стрес, имаат добро развиено чувство за мирис. Тие апсорбираат камчиња кои им помагаат во варењето на храната, како на птиците.