17.05.2024
Почетна / Градина / Вести / НАЈНОВА МЕТЕО АНАЛИЗА: Во четврток повторно снег во Македонија на помала надморска височина!

НАЈНОВА МЕТЕО АНАЛИЗА: Во четврток повторно снег во Македонија на помала надморска височина!

Во Македонија во следните денови ќе имаме многу променливо и значително постудено време. Ќе бидеме и под влијание на влажен воздушен бран од запад и од југозапад и истиот ќе условува повремени локални врнежи од дожд на пониските места (градовите), додека на планините над 1500 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег, информира Попоски.

Поради понатамошно спуштање на студена воздушна маса од север, во четврток попладне и во вечерните часови врнежи од снег ќе има и на местата со надморска височина од под 1000 метри, особено во западните и во северните предели од државава. Тогаш ќе дојде до формирање на нова снежна покривка на планините и на повисоките места, а мала снежна покривка можно е да се формира понекаде и на местата со надморска височина од под 1000 метри.

Во четврток попладне и навечер ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец, особено Долж Повардарието.

Во Скопје и околината ќе имаме слично време, односно значително постудено со локален дожд, а на околните планини особено во четврток попладне и навечер ќе има врнежи од снег. Тогаш можно е провејување на снег и во повисоките предели од котлината, кога ќе дува и засилен ветер од северен правец.

Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени, а од петок тие на повеќе места ќе се спуштаат под нулата. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Види

Која била најголемата жаба во светот?

Жабите би требало да се мали и слатки, но овие т.н. Голиат жаби, како што …