13.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Какви промени се случуваат откако изедете печен лук?!

Какви промени се случуваат откако изедете печен лук?!

Препорака е да се изедат барем 4 печени чешниња лук дневно.

Како се пече лукот: се чистат главиците од надворешната лушпа и се засекува малку при врвот.

Главиците се редат во огноотпорен сад. Врз секој лук се става по една супена лажица маслиново масло. Одозгора се наросува со морска сол и црн пипер, пишува НМД.

Се става да се пече во загреана рерна на 200 степени околу половина час, додека лукот да омекне.

Кога јадете лук, неговата моќ е толку силна што дури и после 24 часа нашето тело реагира на оваа моќна храна. Тоа се забележува кога се применува во диетите за слабеење или при консумирање како природен лек приготвен за лекување на одредени болести.

Што се случува во вашето тело кога јадете печен лук или кромид?

1 час: Во првиот час лукот се вари во желудникот и станува храна за телото.

2- 4 часа: Помага во борба против слободните радикали и постоечките канцерогени клетки во нашето тело.

4- 6 часа: Метаболизмот на организмот започнува да ги користи придобивките од лукот и го активира процесот за отстранување на вишокот течности, како и да ги топи складираните масти во организмот.

6-7 часа: Антибактериските својства на лукот се активираат по патувањето на неговите состојки низ крвотокот.

8-10 часа: Во овој период хранливите материи веќе ја извршиле својата функција во клетките, па така, лукот заштитува од оксидација.

10-24 часа: Откако ќе се дигестира (во првиот час), лукот во вашето тело го започнува процесот на длабинско чистење, вклучувајќи ги следните процеси:

-регулација на нивото на холестерол;

-чистење на артериите и го заштитува организмот од срцеви проблеми;

-го намалува и подобрува нивото на крвниот притисок;

-ја зголемува природната заштита на организмот и го зголемува имунитетот;

-во процесот на чистење, лукот помага во отстранување на тешките метали од вашето тело;

-помага за подобрување на цврстината на коските;

-лукот помага да се отстрани уморот, поради неговата голема нутритивна содржина;

-ги подобрува атлетските способности;

-помага за одржување на долговечноста на клетките.

Види

Цистите на јајници може да се лекуваат со растенија

Во денешно време повеќе од половина жени страдаат од цисти на јајниците. Во повеќето случаи цистите …