02.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Индексот на цените во земјоделството е зголемен за 2.9%, а кај аутпутот зголемувањето изнесува 1.5%

Индексот на цените во земјоделството е зголемен за 2.9%, а кај аутпутот зголемувањето изнесува 1.5%

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во април 2017 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 2.9%, а кај аутпутот зголемувањето изнесува 1.5%.

Во април 2017 година, во споредба со април 2016 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 103.1, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 99.0.

Во делот аутпут, во април 2017 година, во споредба со април 2016 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 103.0, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 97.3.

Види

Како да направите домашен јаболков оцет

Зрели и паднати јаболка, непогодни за потрошувачка или друга обработка, обично се користат за оваа …