30.04.2024
Почетна / Градина / Хортикултура / Градини, тревници …

Градини, тревници …

Водените градини и обликувањето на водени површини бараат малку повеќе креативност и волја, но благодарение на гумираните материјали, PVC материјалите, поставувањето и обликувањето на рибници и езерца е можно да се изведе во еден ден.

Градините во садови или тегли на балкон или прозорец со правилен избор на садовите, било подни или висечки, лесно ги привлеклуваат погледите и се посебно изразни, а едноставни и лесни за одржување. Балконите и покривните градини се посебен предизвик.

Садењето на балкон и садењето во покривни градини бараат висококвалитетна хидроизолација на балконот или покривот, а освен тоа мора да се внимава и на севкупната тежина на градината за да не се наруши статиката на објектот на кој таа се наоѓа.

Градинарството во затворен простор нуди можност за украсување на некој ентериер со собни растенија. Со нивна помош може да се нагласи собниот мебел или одреден дел од просторијата. Можат да се креираат различни облици и на вашиот животен простор може да се придонесе со сосема нов начин на уредување на ентериерот. Растенијата можат да се садат поединечно, во различни форми со различни листови, бои и мириси.

Тревниците се еден од најпопуларните делови во градината, и тоа со добра причина. Тревникот е место за игра и рекреација или има само естетска вредност, поврзувајќи ги другите елементи во градината во една хармонична целина. Исто така разликуваме и тревници на спортски терени, расцутени ливади и тревници кои наместо трева содржат други видови на растенија, најчесто покривачи на почвата. Во зависност од изложеноста на тревникот на сонце, постојат тревници за сончани површини и за површини во сенка.

Со оглед на намената, постојат и различни видови на смеси со треви кои поднесуваат различни услови на експлоатација. Доколку сакаме тревник наменет за рекреација или спорт, ќе избереме смеса на треви во кои доминираат видови отпорни на газење. За украсни тревници видовите во смесата мораат да имаат интензивна боја и густина, но не поднесуваат газење. Без оглед на намената која би требало да ја има нашиот тревник, постојат работи кои се заеднички за сите, а тоа се темелна и квалитетна обработка на земјиштето и редовна нега. Постојат доста примери во практиката во кои семето на тревата е расфрлано на необработено земјиште или по правилното сеење косењето е единствената мерка на нега што се спроведува во текот на годината.

Јасно е дека таквите постапки ќе дадат само привремени ефекти и оти, ако и се оформи тревникот, следната година тој ќе биде потиснат од плевел. Затоа изборот и подготовката на земјиштето, нивелирањето и техниките на сеење се битни рани мерки на нега, а вкупната слика може да биде перфектна само со редовно одржување.

Превземено од паноптикум

Види

Градинарство – лек за опуштање, енергија и елан за живот

Потврдено: растенијата имаат мошне поволно влијание врз оние кои се занимаваат со нив. Тие го …