02.05.2024
Почетна / Градина / Градинарскиот центар Фоја по повод својот јубилеј 15 години постоење ве наградува! Еве што треба да направите

Градинарскиот центар Фоја по повод својот јубилеј 15 години постоење ве наградува! Еве што треба да направите

Градинарскиот центар Фоја по повод својот јубилеј 15 години постоење, на својата фејсбук фан страна во периодот од 15.07 до 30.08 2017 објавува дигитална наградна активација.  Целта е популаризација на хортикултурата и создавање на поубава и поздрава животна средина. Промовирање на садењето и негувањето на растенијата како најдобар начин за ослободување од стресот, поттикнување оптимизам и подобрување на концентрацијата и пред се како корисна активност за релаксација и одмор.

Се што треба да направите е да го споделите (шерувате) фејсбук постот за активацијата, и на него да поставите една оригинална, Ваша фотографија со вашето растение “милениче” или од Вас во вашата градина. За учество, треба да влезете на следнава страна: https://www.facebook.com/GradinarskiCentarFoja/

4 најкреативни фотографии (според бројот на лајкови и според оцената на стручниот тим на Фоја), ќе ги наградиме со вредносен ваучер од 2000 денари. (наградите се подигаат од нашиот гарден центар)

Бидете креативни и оригинални и објавувајте фотографии на постот. Не е важно дали фотографијата е снимена со телефон или фотоапарат, наутро, преку ден или навечер, важно е само да биде ваше авторско дело, и во неа да бидaт растенијата од вашиот двор или тераса.

Право на учество имаат само државјани на Република Македонија. Не е дозволено поставување фотографии кои не се авторско дело на учесникот.

Тематиката пожелно да биде летна, и да вклучува грижа за растенијата и градината.

 

Види

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …