19.04.2024
Почетна / Градина / Вести / До 4.000 евра казна за берење боровинки без дозвола

До 4.000 евра казна за берење боровинки без дозвола

Лицата кои што ќе бидат затекнати на теренот без дозвола за собирање на шумски плодови, ќе бидат санкционирани согласно позитивните законски прописи. Од 800 до 4.000 евра во денарска против вредност може да заработите казна доколку берете боровинки без дозвола, пишува ТВ Тера.

Јавната Установа Национален парк Пелистер Битола ги известува Собирачите на боровинки, дека во тек е издавање на легитимации за собирање боровинки за 2017 година.

Собирачите на боровинки треба да се придржуваат кон следниве услови:

– со себе да ја носат легитимацијата и да имаат маркица за 2017 г.

– да собираат само плодовите кои се во оптимална зрелост;

– да не ги оштетуваат со механички средства коренот и репродуктивните органи на боровинката,

– боровинката да ја предаваат на откупните пунктови организирани од НП Пелистер и овластените откупувачи.

– забрането е кампирање, палење на оган, и ноќевање вон туристичките објекти во Националниот парк Пелистер,

– забрането е фрлање и оставање на отпадоци.

За лицата затекнати на теренот без дозвола за собирање и кои нема да се придржуваат на погоре наведените правила, ЈУ Национален парк Пелистер, во соработка со Шумската и Редовната полиција, ќе превземе прекршочни и казнени мерки, предвидени со позитивните Законски прописи, за што следува глоба, која се движи од 800 до 4.000 евра во денарска противвредност.

Датумот на почетокот на бербата на боровинка ќе биде соопштен дополнително.Боровинката, која собирачите на боровинки ќе ја собираат на територијата на Паркот, (освендозволените до 5 килограми), се должни да ја продаваат на откупните пунктови на овластените откупувачи од страна на Паркот.

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …