17.05.2024
Почетна / Градина / Вести / STIHL-Позади секој добро уреден двор, стои квалитетна машина

STIHL-Позади секој добро уреден двор, стои квалитетна машина

Македонија е подрачје каде на голем број места, за да уживате во природа, ќе Ви биде потребна алатка, со која успешно ќе се справите со дивиот растеж. Со моторните тримери или моторни коси, или пак со професионалните модели популарно наречени моторни чистáчи, можете да направите толку многу нешта на отворен терен: да искосите ливада, стрмен тревник, растежи во овоштарникот, закоравени грмушки, капини, џбунови, проред во шумите, или со еден збор- секаде каде што на друг начин косењето е непристапно. Ефектот од косењето со моторна коса се гледа веднаш. На пример на викендичка, каде секогаш има многу работа, а можеби за уживање останува премалку време. Одеднаш плацот изгледа попитом, среден, пристапен, домаќински.

Моторните коси на ШТИЛ се мултифункционални. На нив се монтираат најразлични видови резни алатки: ножеви за трева, ножеви за грмушки и тенки дрвца, фрези за мека почва, додаток-пила за високи гранки, глава со пластичен конец за фино тримирање, а притоа дрвцата околу кои се коси да останат неоштетени.

Секој кој еднаш работел со моторна коса на ШТИЛ, веднаш го сфатил овој благодет. Освен тоа, моторните коси на ШТИЛ се алатка која се користи со генерации. Позади тоа име стои успешното семејство ШТИЛ од Вајблинген-Германија, кое веќе трета генерација вложува во развој, исклучиво во оваа бранша- моторни апарати. Затоа моторните коси на ШТИЛ се карактеризираат со извонреден квалитет, издржливост, ергономија, антивибрациски систем и најмодерна технологија со сите еколошки параметри.

И една ексклузивна карактеристика на ШТИЛ во целиот свет: резервни делови и сервис можете да најдете во Вашата непосредна околина или ТУКА.

Види

Која била најголемата жаба во светот?

Жабите би требало да се мали и слатки, но овие т.н. Голиат жаби, како што …