27.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Што содржи и како се користи пролетното зеленило

Што содржи и како се користи пролетното зеленило

Јаболкото на келерабата содржи протеини, растителни масла, шеќер, целулоза и минерали, а изобилува и со витамин Ц. Тој има малку витамин Б1. Во младите листови и стеблотоима и каротин фосфор, а и повеќе витамини и минерални соли, отколку кај плодот.

Како да ја користите?

Од свежата келераба се прават стапчиња за грицкање, треба половина час за да се обари целата, и исецкана да се бари околу десет минути. Вкусна е и ако се бари на пареа, динстана или печена во рерна. Таа е идеална како прилог на месо и неопходна состојка во вегетаријанската кујна.

Грашок

Каков вкус има?

Младиот грашок е нежен, со сладок вкус, а оној кој стоел во фрижидер е поинаков.

Што содржи?

Извор е на јаглехидрати и диетални влакна, фруктоза и гликоза. Има висок процент на протеини, масти и лецитин. Тој е одличен извор на витамин Б, но исто така содржи витамини Ц, Е и А.

Како да го користите?

Младиот грашок се готви во малку вода, до 10 минути, со додавање на кромид и младо јагнешко или телешко месо. Кога се додава во салати,се подготвува на пареа.

Зелена салата – путерка

Види

Букет со зачини

Станува збор за букет од свежи зачини и останати состојки кои се додаваат во супи, …